SWOT RESEARCH е прва агенција во Македонија со експертско знаење за mystery shopping, по примерот на таквите агенции во светски рамки. Од 1 мај 2005 година SWOT RESEARCH е членка на светската mystery shopping асоцијација MSPA и е потписник на принципите за професионални стандарди и етичкиот кодекс во работењето воспоставен од MSPA. Врз основа на својата професионалност и искуство, во 2011 година, SWOT RESEARCH станува член на светската асоцијација за истражување ESOMAR, почитувајќи го ICC/ESOMAR кодексот
Наша главна област на експертиза се квалитативните истражувања со методот на тајно купување,што претставува единствен начин за објективно оценување на квалитетот на услугата кај компаниите. Како резултат на долгогодишното искуство стекнато со соработка со голем број на етаблирани компании во Македонија, тимот на SWOT RESEARCH навистина го разбира значењето на задоволството на купувачите за успехот на секој бизнис.
Со помош на стекнатото искуство и интернационално знаење успеавме успешно да реализираме повеќе проекти за нашите клиенти, кои подразбираат и квантитативни маркетинг истражувањана разновидни целни групи, со резултати кои даваат прецизна слика за задоволството на купувачите, нивните кориснички навики и преференции, желби и потреби, како и нивната перцепција за одреден бренд, услуга или производ.
Согласно светските трендови, за добивање на длабински информации околу мислењата и ставовите на граѓаните во врска со одредени појави или на одредени теми, спроведуваме квалитативни истражувања преку методот на фокус групи, односно затворени дискусии на одредена тема на која учесниците можат меѓусебно слободно да дискутираат.
Имајќи предвид дека успехот на секоја компанија е резултат на задоволувањето на потребите на своите клиенти, SWOT RESEARCH својата корпоративна филозофија ја гради околу мотото„Посветени да им помогнеме на нашите клиенти да создадат лојални купувачи“.
Во SWOT RESEARCH ги адаптираме истражувањата според потребите на нашите клиенти со цел да успееме да ги идентификуваме клучните резултати кои испорачуваат значителна вредност на нашите клиенти и кои овозможуваат донесување на значајни стратешки одлуки.