Придружи Се

Отворен оглас за нови тајни купувачи

 

SWOT RESEARCH има потреба од нови тајни купувачи како хонорарни соработници и тоа од следниве градови: Берово, Битола, Богданци, Валандово, Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Неготино, Охрид, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Скопје, Струга, Струмица, Тетово и Штип.
Бидете и Вие дел од тимот на SWOT RESEARCH, првата агенција во Македонија со експертско знаење за mystery shopping и членка на светската Mystery Shopping асоцијација MSPA.

 

Заработете дополнително додека уживате во купувањето во сите градови во Р. Македонија!

 

Кои се тајните купувачи?

 

Тајните купувачи се лица кои по потреба остваруваат анонимни посети на компаниите, претставувајќи се како редовни купувачи и од купувачка гледна точка објективно го мерат квалитетот на услугата наспроти претходно дефинирани критериуми. Последователно тие подготвуваат соодветни извештаи за своето купувачко искуство.
SWOT RESEARCH соработува со над 250 тајни купувачи од цела Македонија. Тајните купувачи се на различна возраст, од различна националност и вероисповед и од различен профил.

 

Работата на тајните купувачи е многу одговорна, бидејќи во денешната ера на mystery shopping влијае на кариерите на вработените и менаџментот, земајќи предвид дека резултатите од mystery shopping-от се почесто се имплементираат во системот на наградување.

 

Кои се особините на добар таен купувач?

 

  • Одговорен
  • Доверлив
  • Објективен
  • Добронамерен
  • Искрен
  • Со способност за забележување и помнење детали
  • Педантен
  • Трпелив
  • Почитува рокови
  • Флексибилен
  • Добро организиран

 

Тајниот купувач треба да:

  • Ги следи добиените упатства
  • Го цени значењето на врвната услуга кон купувачите
  • Има желба да го подобри квалитетот на услугата кај компаниите во Македонија
  • Поседува потребни вештини за пишување
  • Има пристап до персонален компјутер со интернет и e-mail
  • Има основни познавања од работа со компјутер (Word, Excel, Internet)

 

Поволности за тајниот купувач:

  • Флексибилно работно време;
  • Дополнителна заработка при уживање во купувањето;
  • Бесплатни производи и услуги на одредени задачи.

 

Заработка

 

Висината на заработката зависи од обемот, траењето и комплексноста на работата, а може да биде во пари, купена стока, бесплатни услуги или комбинирано, во зависност од договорот со нашите клиенти.

 

Постапка на селекција на тајните купувачи

 

На темелите на квалитетот на пријавата и најважно врз основа на квалитетот на извршената тест проценка, ги одбираме соодветните кандидати и ги тестираме со краток тест според примерите на МЅРА тестовите.

 

Потоа, селектираните кандидати, по телефонскиот и/или личниот контакт, ги ангажираме по потреба, а нивната работа континуирано ја следиме и оценуваме.
Ако сметате дека ги поседувате наведените особини, ќе ни претставува задоволство да соработуваме со Вас.

 

За да поднесете барање за да станете таен купувач ве молимепополнете ја пријавата за таен купувач.За помош при пополнувањето можете да го преземете упатството за пополнување на пријава за таен купувач

 



Преземи упатство за пополнување пријава