ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ ТРГОВСКИ ОБЈЕКТИ ЗА 2011 ГОДИНА
Денеска претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева свечено им ги додели плакетите и признанијата на најдобрите трговски објекти за 2011 година, што беа дел од истражувањето што се спроведува трета година по ред во рамки на Манифестацијата "Месец на трговијата", во организација на Град Скопје. Во знак на признание беа доделени плакетите за најдобрите три трговски објекти што постигнале највисок вкупен резултат на испитаните елементи на услугата во 7-те категории: апарати за домаќинство и бела техника; златарници, филиграни и продавници за накит; компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема; парфимерии; салони за мебел и канцелариска опрема; супермаркети и бутици.
Апарати за домаќинство и бела техника:
1. Крусел
2. Алеа
3. Агротехна
Златари, филиграни и продавници за накит
1. Макголд
2. Раф Раф
3. Алтинбаш
Компјутерска, аудио - видео и телекомуникациска опрема
1. Аудио центар Болин
2. Ривер Софт Компјутери
3. Артист Системс
Парфимерии
1. Реми Пан
2. Бонди груп Касиопеа
3. Еликсир Ексклузив 1
Салони за мебел и канцелариска опрема
1. Технокооп
2. Стол
3. Стиллес
Супермаркети
1. Рамстор
2. Принц
3. Веро 9
Бутици
1. НАНА
2. Блу Петрол
3. Чико Шоп
Истражувањето традиционално го спроведува Град Скопје во соработка со агенцијата SWOT Research, а најдобрите трговски објекти се избираат по пат на истражување што го спроведуваат независни и објективни тајни купувачи (mystery shopping), коишто со вкупно 810 посети го оценуваат квалитетот на услугата според 5 критериуми:
- изглед на продажното место;
- прв контакт со вработените;
- услуга на купувачите;
- завршен контакт;
- задоволство од купувачкото искуство.
Целта на проектот е да се разбуди свеста кај трговците и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата на клиентите, како и да се подигне општото ниво на квалитет во трговските објекти на територијата на градот Скопје.
За да ги преземете резултатите од овогодинешното истражување, кликнете тука