Избрани најдобрите ресторани и гостилници во Скопје за 2012 година

 

 

Град Скопје во соработка со реномираната агенцијата за истражување на пазарот SWOT Research по петти пат годинава прави избор на Најдобар угостителски објект на територијата на Град Скопје.  

 

Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на Градот. Во рамки на проектот се трагаше по рестораните и гостилниците кои применуваат најдобри пракси со цел овозможување на извонредно искуство на своите гости. Главна методологија која беше употребена е Mystery Shopping‐от како најефикасен метод преку кој се открива како купувачите и гостите се третирани и што тие доживуваат во така‐ наречените “моменти на вистина“.

 

Низ призма на ваквите “моменти на вистина“ се избраа три најдобри ресторани и три најдобри гостилници во конкуренција на вкупно 100 угостителски објекти.

 

Гостилници

1. место: Гостилница „ Капка“

2. место: Гостилница „ Галерија“

3. место: Гостилница „ Кај Чичо 2“

 

Ресторани

1. место: Ресторан „ Гурмет“

2. место: Ресторан „ Национал“

3. место: Ресторан „ Аванти“

 

Резултатите можете да ги погледнете тука