Избрани најдобрите ресторани и гостилници за 2013 гоина

 

 

 

Град Скопје и оваа година ја продолжува традицијата и повторно го спроведува проектот за избор на Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите. Овој проект се спроведува шеста година по ред и се повеќе го буди интересот кај угостителите, но и кај јавноста. Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на Градот.

 

Во рамки на проектот се трагаше по рестораните и гостилниците кои применуваат најдобри пракси со цел овозможување на извонредно искуство на своите гости. Главна методологија која беше употребена е Mystery Shopping‐от како најефикасен метод преку кој се открива како купувачите и гостите се третирани и што тие доживуваат во така‐ наречените “моменти на вистина“.

 

Низ призма на ваквите “моменти на вистина“ се избраа три најдобри ресторани и три најдобри гостилници во конкуренција на вкупно 100 угостителски објекти.

 

Гостилници

1. место: Гостилница „ Гезме кај Тумба“

2. место: Гостилница „ Капка“

3. место: Гостилница „ Дариа“

 

Ресторани

1. место: Ресторан „ Лира“

2. место: Ресторан „ Сушико“

3. место: Ресторан „ Гурмет“

 

Резултатите можете да ги погледнете тука