Избрани најдобрите ресторани и гостилници за 2015 година


Град Скопје и оваа година ја продолжува традицијата и повторно го спроведува проектот за избор на Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите. Овој проект се спроведува шеста година по ред и се повеќе го буди интересот кај угостителите, но и кај јавноста. Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на Градот.

Во рамки на проектот се трагаше по рестораните и гостилниците кои применуваат најдобри пракси со цел овозможување на извонредно искуство на своите гости. Главна методологија која беше употребена е Mystery Shoppingот како најефикасен метод преку кој се открива како купувачите и гостите се третирани и што тие доживуваат во така наречените “моменти на вистина“.

Низ призма на ваквите “моменти на вистина“ се избраа три најдобри ресторани и три најдобри гостилници во конкуренција на вкупно 100 угостителски објекти.

 

Гостилници

1. место: Гостилница „Канцона“

2. место: Гостилница „Бисера ИВ“

3. место: Гостилница „Ројал Рустикана“

 

Ресторани

1. место: Мексикански ресторан „Амигос“

2. место: Ресторан „Венето“

2. место: Ресторан „Буши“

3. место: Ресторан „Маргер“