Град Скопје во соработка со реномираната агенцијата за истражување на пазарот SWOT Research по шести пат годинава прави избор на Најдобар трговски објект на територијата на Град Скопје, во рамки на проектот „Месец на трговијата“.
Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај трговците и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон купувачите, како и да се подигне општото ниво на квалитет на услуга во трговските објекти на територијата на Градот. Во рамки на проектот се трагаше по оние трговски објекти кои применуваат најдобри пракси со цел овозможување на извонредно искуство на своите купувачи. Најдобрите трговски објекти се избираа со употреба на Mystery Shopping‐от, како најефикасен метод преку кој се открива како купувачите се третирани и што тие доживуваат во така‐наречените “моменти на вистина“. Со ангажман на независни и објективни тајни купувачи, беа реализирани вкупно 810 посети при што квалитетот на услугата беше оценуван според 6 критериуми:
Во знак на признание беа доделени плакети за најдобрите три трговски објекти кои постигнале највисок вкупен резултат во однос на наведените критериуми во следните 7 категории:
Апарати за домаќинство, бела техника и сѐ за дома
1. Електроелемент
2. Горење
3. Мр. Бриколаж
Златари, филиграни и продавници за накит
1. Божиновски
2. Оксет
3. Голдмак
Компјутерска, аудио ‐ видео и телекомуникациска опрема
1. ВИП Оператор
2. Епл сторе
3. Сони Галерија
Парфимерии и козметика
1. Ри‐Ма
2. Венеција Ким
3. Плаза
Салони за мебел и канцелариска опрема
1. Лектус Груп
2. Стиллес
3. Домиталиа
Супермаркети
1. Тинекс‐Првомајска
2. Гиго Трејд 4
3. Рамстор
Бутици
1. Денси‐м
2. Исткомерц‐Санда
3. Сам 0‐13
Резултатите можете да ги погледнете тука