Истражувачки Пристап

Сите истражувачки потфати во кои се впуштаме сакаме да постигнат ефекти во правец на подобрување на купувачкото искуство на клиентите на нашите клиенти. Длабоко веруваме дека единствено со лојални клиенти може да се постигне сериозен раст на продажбата и профитот. Водејќи се од овој пристап, развивме систем кој започнува со евалуација на состојбите, а се преточува во процес за подобрување на купувачкото искуство.

 


 
 

Дискусија со клиентот:


Ние ја препознаваме специфичноста на секој од проектите во кој се впуштаме, како и индивидуалните потреби на секој од нашите клиенти. Најпрво се обидуваме да ги идентификуваме специфичните предизвици со кои се соочува секој клиент за да може да креираме истражување насочено кон решавање на нивните конкретни потреби.

 

Анализа на потребите:

 

Откако клиентот ќе ги изложи своите потреби, ние вршиме нивна анализа во смисла на факторите кои влијаат на купувачкото искуство. Анализата се состои од испитување на три клучни сегменти:

  • Анализа на компанијата: Што ветува, која е долгорочната стратегија, поранешни податоци за задоволството на клиентите
  • Анализа на пазарот/конкуренцијата: Кои се стандардите на пазарот, што нудат конкурентите
  • Анализа на клиентите: Анализа на потребите на клиентите, нивните очекувања и идентификување на клучните фактори за нивното задоволство и лојалност

 

Креирање на истражувањето:


Врз основа на податоците кои ги добиваме од клиентот, како и од нашата анализа, во комбинација со нашето искуство во соодветната индустрија, го креираме истражувањето на начин кој овозможува да се добијат конкретни резултати кои ќе ги идентификуваат можностите за подобрување на купувачкото искуство на клиентите

 

Спроведување на истражувањето:

 

Спроведувањето на истражувањето е процес кој опфаќа повеќе фази. Нашиот искусен тим од обучени истражувачи, тајни купувачи и проект менаџери го спроведува договореното истражување, со максимална темелност, објективност и посветеност, при што се употребуваат соодветни мерки за осигурување на квалитетот и веродостојноста на податоците.

 

Резултати:

 

Сите податоци од истражувањето, внимателно се обработуваат и се внесуваат во специјализирано софтверско решение за процесирање на податоци. Проценките се двојно проверувани од страна на проект менаџерите задолжени за проектот, со што се осигурува точноста и веродостојноста на податоците. Одговорно стоиме зад секоја проценка од истражувањето, што е и докажано со нашите процедури за осигурување на квалитетот. (quality assurance procedures).

 

Сите резултати се континуирано достапни преку интернет, каде нашите клиенти 24 часа во денот, секој ден, можат да го следат истражувањето „во живо“, а по неговото завршување, да ги преземат резултатите.

 

Заклучоци:

 

По соодветната обработка на податоците, се изработува детален извештај од истражувањето, кој ги содржи резултатите и изведените заклучоци. Дополнително, за секој клиент изработуваме специјализирани совети и препораки во насока кон подобрување на купувачкото искуство и задоволството на клиентите. Сите проценки се достапни на увид на клиентот и истите се вклучени во извештајот или се достапни преку интернет.

 

Корективни активности:

 

Сметаме дека резултатите од истражувањето не се доволни да се постигне извонредна услуга и лојални клиенти. Затоа, во рамки на извештајот од истражувањето, вклучуваме бројни предлози за корективни активности, мотивациски алатки и препораки за обука на вработените, со цел да му овозможиме на клиентот да постигне подобрување во областите во кои биле идентификувани слабости.