Испитување на Конкуренцијата

„Бенчмаркувајте“


Се зборува дека конкуренцијата никогаш не спие. А вие дали сте сигурни дека сте во секој момент известени за нивните активности? А што е со купувачкото задоволство на самите купувачи кои се еден од клучните фактори кои влијаат на сликата на малопродажниот пазар? Цел на ова истражување е компанијата да добие одговор како да ги превземе добрите потези на своите конкуренти, а да ги избегне нивните грешки.

 

Истовремено, ќе видите во која фаза е задоволството  на вашите купувачи.
Внимателна анализа на вашата конкуренција и задоволството на купувачите може да ја доведе компанијата до тоа да мора да ја измени основната концепција или само некои постоечки работни активности како истата би станала поконкурентна.

 

Во SWOT Research комбинираме повеќе методи за испитување на конкуренцијата и задоволството на купувачите како би можеле да ви овозможиме анализа на вашата понуда во однос на конкурентниот пазар. Добиените резултати овозможуваат благовремено донесување на стратешки одлуки поврзани за прилагодување кон конкурентниот пазар, така што се овие истражувања клучна работна алатка во донесување стратешки одлуки за развој на работењето.

 

Практична примена во работењето


Вашето работење ќе ги зголеми приходите преку:

  • Идентификација на клучните параметри кои го дефинираат куповачкото искуство во вашата индустрија
  • Дефинирање на потребните постапки за стекнување на лојални клиенти
  • Класификација на конкуренцијата  преку ниво на реалната положба во однос на вашето учество на пазарот: лидери, ривали, потенцијални ривали, нови играчи и др.
  • Креирање точна слика за понудата на вашата конкуренција – што конкуренцијата прави  подобро/исто добро/полошо од мене, на начин како тоа го перцепираат купувачите