Испитување на задоволството на вработените

Вработените кои се задоволни се попродуктивни

 

Како што расте работата во обем и во висина на профитот, компанијата се сретнува со неизбежни предизвици во прекин на комуникацијата – помеѓу различни сектори и помеѓу менаџери и вработени. Недостатокот од комуникација прави  “ефект на силос” помеѓу секторите и креира раслојување помеѓу менаџерите и членовите на нивните тимови. Типично, ваквите организации стануваат плен на бирократските замки на „горе-долу“ комуникацијата. Додека во малите компании овој вид на комуникација функционира затоа што најголем дел од ваквата комуникација  се одвива лице во лице, големите компании мораат да пронајдат начин едносмерната комуникација да ја претворат во двосмерна како би можеле и вработените  да дадат повратна информацијана менаџментот.

 

Како би донеле одлуки базирани на квалитетни информации, на менаџерите потребно им е повеќе од извештај во бројки за да можат да разберат што се случува на „првата борбена линија“. Вработените кои цел ден работат со купувачи можат да пружат квалитетна повратна информација добиена од прва рака. Со поттикнување на двосмерната комуникација во оваа смисла може да се овозможи организациона култура која ќе ги сруши „силосите“ и ќе воспостави тимска работа помеѓу менаџементот и тимовите кои ги водат.

 

Вработените се една од најголемите инвестиции на кои компаниите ги имаат. Со поттикнување на задоволството на вработените се осигурува максимална исплатливост на инвестицијата. Создавањето на задоволен и среќен работник е повеќе од убав гест.

 

Задоволните работници не се само генерално попродуктивни , туку ти исто така обезбедуваат повисоко ниво на задоволство кај купувачите и го зголемуваат профитот.

 

Практична примена во работењето

 

SWOT Research воспоставува канали за повратна информација и отвора пристап до задоволството на вработените овозможувајќи му на менаџментот да донесе одлуки базирани повеќе информации кои ќе обезбедат зголемена продуктивност, задоволство од работата како и лојалност, целејќи на клучните области на компанијата.