Испитување на Сегментација на Пазарот

Запознајте ја целната група заради зголемување на продажбата, профитот и конкурентската предност


Во моменталното компетитивно опкружување и заситениот пазар, на компаниите им е потребна силна врска со купувачите. Компаниите треба да инвестираат во „паметни“ стратегии. Сегментирањето на пазарот може да помогне компаниите да ги идентификуваат купувачите кои што можат ефективно да ги услужат.
SWOT Research по пат на истражување на сегментација на пазарот дава одговори кои се тие неискористени профитабилни пазари и како да се дојде со нив.  Ние обезбедуваме увид во ефективното ценовно позиционирање, побарувачката, информациите и потребата за квалитет. Како дел од нашето единствено интегрирано истражување, пошироко ги анализираме целните сегменти на добавувачките канали на нашите клиенти и позицијата во однос на конкуренцијата. Вака сегментираните пазарни услуги и овозможуваат на компанијата подоцна да развие јасно позиционирање на пазарот кое може да биде тестирано.

 

Практична примена во работењето

 

Нашата услуга за истражување на сегментација на пазарот за крајни корисници

 

SWOT Research работи со клиентите како би добиле пазарни сегменти кои се точни, сигурни и корисни. Факторите во сегментацијата во голема мера зависат од тоа каква интеракција имаат нашите клиенти со своите купувачи:

  • Психографија/животен стил
  • Профитабилност/ доживотна вредност на купувачот
  • Цена/ барање за квалитет
  • Потреби на клиентот
  • Конкуренти

 

Нашите услуги за business to business сегментација на пазарот

 

Business to business сегментацијата на пазарот ретко добива внимание какво што добива сегментацијата на крајните корисници. SWOT Research им помага на компаниите да развијат корисни, прецизни и ефективни пазарни сегменти. Факторите на сегментација можат да вклучат:

  • Доносители на  одлуки
  • Фирмографија (пр. Висина на приходите, број на вработени, гранки на индустрија)
  • Однесување
  • Профитабилност/ доживотна вредност на купувачите
  • Тип на организација
  • Цена/ Потреби за квалитет
  • Потреби на клиентот
  • Конкуренти