Истражување на Цени

Поставете оптимални цени во однос на пазарот и конкуренцијата

 

Денес испитувањето на цени е од пресудна важност поради силната конкуренција. Купувачите денес на пазарот имаат неограничени можности за купување. Цената е таа која ја претставува вредноста на производот и она е таа која што дава информации за производот во целина. Истражувањето на цени исто така му овозможува на менаџментот на компанијата стратешки да се постави во однос на конкуренцијата.

 

Земајќи во предвид дека одреден број новолансирани производи пропаѓаат, добивањето силен увид во цените е од суштинска важност.

 

Неизоставен дел од  секоја стратегија е колку производи се спремни да купат купувачите по одредена цена, односно во која мера побарувачката се  менува во зависност од цената (ценовна еластичност).

 

Овие истражувања даваат слика во поединечните ценовни политики на компаниите во одредени индустрии, како и преглед на ценовните стандарди во рамки на конкуренцијата. Резултатите од овие истражувања се користат  при лансирање или репозиционирање на одреден производ, но и во индустрии во кои цените фреквентно се менуваат. Препорачуваме континуирано следење на ценовните политики на вашите конкуренти.

 

На пазарот како што е македонскиот, на кој голем дел при одлучувањето за купување има ценовната политика, од огромно значење е  правовремена информација за евентуална промена на цената на понудените конкурентни производи и услуги.

 

Практична примена во работењето

 

Резултатите од ова истражување ќе ги дадат следните резултати:

  • Сеопфатна слика на ценовните стандарди и просечна цена на конкурентните производи и услуги
  • Односот цена и квалитет – која е вредноста која конкурентите ја нудат за цената која што ја наплаќаат
  • Актуелни информации за различните типови на ценовни промотивни активности на вашата конкуренција
  • Важноста на цената на вашите купувачи при донесување на одлука за купување
  • Еластичност на цените и влијанието од ценовните промени на продажбата