Решенија за развој и унапредување на концептот
Купувачите купуваат производи поттикнати од различна мотивација. Успешните производи ги задоволуваат потребите и мотивите и му обезбедуваат корист на купувачот. Нашиот пристап се фокусира на откривање на скриените мотиви кои го предизвикуваат купувањето на одреден производ. Ние ги оценуваме очекувањата, атрибутите, функциите, цените и користа кои им се потребни на купувачите и на не-купувачите.
Како живееме во свет кој што рапидно се менува на глобално, регионално и локално ниво, така практикуваме интегриран пристап. Работиме заедно со нашите клиенти како би развиле индивидуално решение кое содржи стратешки упатства и кое може да работи во согласност со тимовите за пласман на производите на нашите клиенти. Ваквиот пристап му овозможува на нашиот клиент да ги зголеми резултатите од истражувањето.
Практична примена во работењето
Неуспешен производ може драматично да влијае на финансиската ситуација на компанијата и позиционирањето во однос на конкуренцијата. Некои од причините за неуспехот на производите вклучуваат:
• Слаба побарувачка за производот
• Понуда на производи кои не се во согласност со потребите на пазарот (пр. перформанс, услуга)