Испитување на купувачкото искуство

Дознајте како реагираат вашите купувачи


Скоро 63% од купените производи купувачите не планирале да ги купат пред да влезат во продажното место. Знаете ли колку точно изнесува процентот на вашата загубена продажба.? Односно, колкав процент од вашите потенцијални купувачи го напуштаат продажното место без да извршат купување. Кои се причините за таквото однесување?
Разбирањето на потрошувачкото искуство е пресудно за зголемување н а ефикасноста и лојалноста на профитабилните купувачи.


Светските анализи покажуваат дека огромен процент од потенцијалните купувачи секојдневно заминуваат од нашите продажни места без да извршат купување. Голем е предизвикот да се најде начин да се зголеми процентот на „купувачките“ клиенти, кој би можел да има значително влијание на вашата продажба и профит. Станете и вие дел од водечките компании кои континуирано го зголемуваат своето учество на пазарот  преку ширење на својата база на лојални клиенти.

 

Практична примена во работењето

 

Преку нашите истражувања на купувачкото искуство се идентификува моделот на однесување на купувачите во продажното место:


Кои се причините зошто потенцијалните клиенти влегуваат во одредено продажно место.

  • Кои се нивните потреби и што точно барале?
  • Зошто излегле без да купат нешто?
  • Дали имале и кои промотивни материјали имале влијание на нивната одлука?
  • Дали купуваат на некое друго место и зошто?
  • Добиените информации ви даваат подобар увид во вашите купувачи и нивните потреби и на тој начин можете да планирате корективни активности во насока на зголемување на процентот на направеното купување во продажното место.